Вид збор: Глагол, свршен
Натрупа многу, во голема мера.
Примери:
Изнатрупа снег еден метар.
Вид збор: Глагол, свршен
Исфрли, нафрли нешто во голема количина, многу.
Примери:
Изнафрла сѐ што му пречеше во моментот.
наакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натрупа, нагнете, нафрли без ред во големо количество.
Примери:
Во собата наакале сѐ и сешто.
(се наака) се натрупа
Албански:
grumbulloj, mbledh
награмадат
Вид збор: Глагол, свршен
Натрупа во грамада.
Албански:
grumbulloj, mbledh
Примери:
Ги награмади камењето покрај патот.
(се награмади) Се натрупа, се насобере во грамада.
Албански:
grumbullohet, mblidhet
Примери:
Снегот се награмадил пред портата.
накупчат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере во куп, во купче, направи куп, купче од нешто.
Примери:
Ги накупчи расфрлените камења крај оградата.
напласкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нафрли, натрупа кај било, без ред.
Примери:
Ги напласка алиштата на креветот и така ги остави.
напластат
Вид збор: Глагол, свршен
Насложи, насобере во пластови.
Примери:
Да го напластиме сеното додека е убаво времето.
(се напласти) Се насложи во пластови.
Примери:
По камењето се напластила зелена мов.
натрупаат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере нешто на едно место во големо количество.
Примери:
Сѐ што имаше непотребно, натрупа во дворот за фрлање.
Се збогати, дојде до голем имот.
Примери:
Натрупа големо богатство.
(се натрупа) Се насобере, се намножи нешто за решавање, за работа.
Примери:
Се натрупа многу работа.
претрупаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натрупа нешто во големо количество, повеќе одошто треба.
Примери:
Ја претрупа собата со излишни предмети.
таложат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се таложи) Постепено се насобере, се натрупа нешто.
Примери:
Во срцата им се таложеше омраза.